а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

апстрахира

апстрахираат; апстрахирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 20688
1. Оддели, одделува, издвои, издвојува; групира одделно за да се добие заклучок за нешто, оттргне, оттргнува нешто од целост.
Англиски: abstract Албански: veçoj
Примери:
Тој ги апстрахираше примерите кои ја потврдуваат оваа појава.
2. исклучи, исклучува
Англиски: exclude Албански: përjashtoj
Примери:
Кога ја донесуваше пресудата, тој ги апстрахираше сопствените чувства.
Човекот има способност да го апстрахира начинот на своето сопствено постоење.
3. (се апстрахира) Се оддели, се одделува, се издвои, се издвојува.
Англиски: abstract Албански: veçoj
Примери:
Можеби би било најдобро од соодветните забелешки да се апстрахираат определени значења.
4. (се апстрахира) Се исклучи, се исклучува од стварноста и го насочи, насочува своето внимание само кон нешто.
Англиски: exclude Албански: përjashtoj
Примери:
Додека го создава уметничкото дело, тој се апстрахира од сѐ околу себе.
Изведенки
апстрахирање ср.
глаг. им.